13.4 C
Vinica
вторник, ноември 11, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Пожарот покрај автопатот Скопје-Тетово е изгаснат

    Пожарот кој вчера изби покрај автопатот Скопје – Тетово, е целосно изгаснат, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Огнот, кој започна на подрачјето на општината Желино, во селото Церово вечерта се прошири во насока на Карпалак покрај автопатот, а беше изгаснат во ноќните часови од страна на тетовските и скопските пожарникари.

    Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор. Во овој момент 4-те активни пожари на отворен простор се под целосна или делумна контрола.

    Според информациите од Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во Кратово, во селото Соколица, каде гори ниска вегетација, а под контрола се пожарите во Јасен, каде веќе две недели гори мешана шума, во Гевгелија, на планината Кожуф и во Општината Желино, во селото Мерово, каде гори мешана шума.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica