20.8 C
Vinica
четврток, јули 31, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Вежба на МВР претставена како вистински настан дека се запалил брод во Охридско Езеро

    МВР објави демант  дека не е вистина дека наводно се запалил брод во Охридското Езеро и дека во тек е евакуација. Станува збор за вежба организирана од страна на МВР, а во склоп на караванот „До вас, за вас”, пишува Вистиномер

    Рецензираме објави на социјалната мрежа Фејсбук (овдеовде) во кои се известува за наводен пожар на брод во Охридското Езеро.

    Во склоп на објавите дополнително наведени се најави коишто сугерираат на огромна катастрофа, како што тоа го сугерираат и самите наслови – „ужас“, „стравотна вест од нашиот бисер – гори брод во Охридското Езеро, во тек е евакуација на луѓето кои биле на него“.

    На повеќе други портали беше објавено дека „гори брод во Охридско Езеро и во тек е евакуација на луѓето кои биле во него“, но потоа вестите беа обновени и поправени, бидејќи станува збор за вежба на Министерството за внатрешни работи, а не за реален настан, како што првично беше објавено.

    Министерството за внатрешни работи објави демант кој гласи:

    Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР. Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите дека наводно се запалил брод во Охридското езеро и дека во тек е евакуација. Станува збор за вежба организирана од страна на МВР, а во склоп на караванот „До вас, за вас”.

    Апелираме да не се шират невистини кои предизвикуваат несигурност кај граѓаните.

    Активноста на МВР во склоп на караванот „До вас, за вас“, всушност беше показна вежба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект, а презентирани беа дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи. Активноста беше одржана на 26 јули 2025 попладнето со цел приближување на полицијата до граѓаните, во рамки на концептот „Комјунити полисинг – Работа во заедницата“, подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал.

    Присутен во Охрид беше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

    Вежбата на Министерството за внатрешни работи во објавите што ги рецензираме е претставена како реален настан кој предизвика паника што може да се види од коментарите под објавите, каде дел од граѓаните поверувале во вистинитоста на настанот. Начинот на кој би можело да се избегне објавувањето на вознемирувачка вест е таа да се провери најнапред официјално, со испраќање прашања во Министерството за внатрешни работи.

    Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во оваа објава се пропушта контекстот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica