21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Зошто кучињата не треба да спијат со луѓето во кревет

    Иако можеби сите сопственици не се свесни за тоа, кучињата можат да им пренесат низа болести на луѓето: од разни паразити и туберкулоза до болки во грлото, салмонела, грип… Се разбира, ова не е причина да не ги чувате како домашни миленици, но, според многу ветеринари, тоа е доволно добра причина да не им дозволувате да спијат во кревет со вас. И тоа не е единствената причина, како што истакна британската ветеринарка Кејти Александер, спиењето во кревет со луѓе може да го загрози самото куче; особено ако сѐ уште е кученце, постаро куче или куче со рамна муцка.
    – Многу малите раси, кученцата, постарите кучиња, кучињата со рамна муцка и кучињата со артритис или други проблеми со подвижноста може да имаат тешкотии да најдат безбеден начин да излезат од креветот ако им е премногу жешко – вели таа, истакнувајќи дека телесната температура на кучињата е неколку степени повисока од човечката и дека кучето лесно може да се „прегрее“.
    Таа додава дека сопствениците на кучиња со рамна муцка, како што се француските булдози и мопсовите, треба да бидат особено внимателни, бидејќи постои поголем ризик да им стане премногу топло.
    – Ако вашето куче сака да спие на креветот, има знаци на кои треба да внимавате за да знаете дека не му е премногу топло; кучињата што ќе почнат да се прегреваат ќе се задишат и ќе се вознемират, а доколку го забележите тоа, веднаш извадете го јорганот или ќебето – советува ветеринарката.
    Некои кучиња сакаат да влезат под покривката и ако тоа е нешто во кое уживаат, тоа е во ред, но никогаш не треба да ги принудувате да прават работи што не им се познати или што може да ги исплашат. Инаку, британските научници велат дека дури 40 отсто од сопствениците на кучиња ја покажуваат својата љубов кон своите миленици така што ги оставаат да спијат со нив во кревет и да јадат со нив на маса.
    – Кучето се движи по земја, се тркала во кал, туѓ измет и затоа е неоспорен факт дека е потенцијално опасно за луѓето. Една од најлошите болести што можеме да ги добиеме од куче е токсоплазмозата, еден вид паразит што преку крвотокот може да стигне до мозокот и да предизвика големи здравствени компликации – според ветеринарите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.