17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Завршна приредба во детската градинка во Виница

    Со завршна приредба детската градинка „Гоце Делчев“- Виница, испрати уште една генерација во прво одделение.
    Со прекрасна сценографија и костимографија дечињата ја поведоа многубројната публика низ чудесно музичко патување, со што изнудија многу воздишки, огромни аплаузи и по некоја солза од публиката. Пред присутните во салата низ песни и игри, со многу возбуда и насмевки малите големковци покажаа дека се подготвени за училиште.
    Честитки до директорката Милче Стаменкова, до воспитувачките, негувателките,музичкиот педагог,родителите, а најголеми честитки до дечињата за нивниот труд кој го вложиле со кој што присутните во салата ги одведоа во детскиот свет,
    и приредија настан за уживање и паметење.
    СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!!!

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.