Во Турција во 17 часот заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори. Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган најверојатно е пред нов мандат.
Според неофицијални резултати, во Турција биле отворени 42,78 отсто од гласачките кутии.
Според досега преброените гласови, Реџеп Таип Ердоган има 57,09 отсто од гласовите, а Кемал Килчдароглу 42,91 отсто, пренесува ТРТ Хабер.
Ердоган, владее со земјата повеќе од 20 години, и пред вториот круг беше фаворит за победа што ќе му даде уште пет години на функцијата.
Поради геополитичката важност на Турција, овие избори се сметаат за едни од најважните оваа година. Турција има една од најголемите армии во НАТО, одбранбениот сојуз на Западот. Аплицираше и за членство во ЕУ. Исходот од изборите со големо внимание се следи во Европа, но и на Блискиот Исток, како и во САД.
Извор: Вечер