21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Видео) Луѓе од пет села со трактори секојдневно минуваат низ небезбеден мост во Босилово

    Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на покана на градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, го посети мостот во атарот на село Секирник што е видливо оштетен, во лоша состојба и претставува опасност за тие што го користат.

    Инаку, иако патот не е асфалтиран, преку мостот е поврзана обработлива земјоделска површина од околу 50 хектари.

    Ангелов кажа дека еден од носечките столбови на мостот, над реката Струмица, е пандат и со тоа стабилноста на мостот значително е нарушена. При движење по мостот можат да се почувствуваат силни вибрации, рече Ангелов.

    „Мостот е небезбеден. Препорачуваме на Општина Босилово да викне стручни лица кои ќе ја испитаат стабилноста, кои ќе кажат дали тој може да се санира или треба целосно да биде затворен и да се изгради нов мост“, рече Ангелов.

    Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, побара финансиска помош од Владата за изградба на мостот.

    Земјоделецот Ристо Стојков кажа дека мостот го користат селани од пет села во околината и поминуваат со трактори и приколки товарани со производи до пет тона.

    Центарот за управување со кризи препорача затворање на мостот, до изнаоѓање на конечно решение.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.