18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ВИДЕО | Градоначалникот на Бања Лука „џуска“ на хитот на Мајли Сајрус

    Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, стана хит на социјалните мрежи откако објави видео како танцува на песната „Flowers“ од Мајли Сајрус.

    Во Бања Лука денеска се одржува карневал, во рамките на кој кој низ улиците на градот настапуваат различни забавувачи и танчари, а еден од нив бил и градоначалникот Драшко Станивуковиќ.

    „Вака го бркаме дождот“, напишал тој на својот Инстаграм, заедно со видеото на кое се гледа како станува и почнува да танцува.

     

    Коментарите покрај видеото се позитивни, дури му порачаа дека е спремен да оди на карневалот во Рио.

    Станивуковиќ на Фејсбук објави дека карневалот во Бања Лука со над 20 групи од целиот свет годинава донел насмевки и добра забава на улиците на Бања Лука.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.