Актуелниот шампион Макс Ферстапен победи на гламурозната трка на гранприото на Монако низ улиците на Монте Карло.
Ферстапен од почетокот до крајот не испушти водечката позиција. Две третини од трката поминаа без преголеми возбудувања, а тогаш започна дождот кој донесе мал хаос. Најмногу настрадаа возачите на Ферари кои не успеаа да се пласираат помеѓу најдобрите пет.
Карлос Сајнц се изврте и загуби добра позиција, па заврши како осми, додека Леклер го освои шестото место. Серхио Перез има викенд за заборав откако поради несреќа во квалификациите тргна како последен и не освои бодови.
Фернандо Алонсо од Астон Мартин заврши зад Ферстапен, а третото место му припадна на Себастијан Окон од редовите на Алпине. Најбрзата петорка ја пополнија уште возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел.