18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Веќе е јуни, а дел од работниците не зеле плата ни за февруари!

    И работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата 3 месеци последователно, имаат право да поведат стечајна постапка, предвидува Законот за стечај

    Веќе е јуни, а речиси 23.000 работници сè уште ги чекаат заработените  февруарски, мартовски и априлски примања, информираат за „Слободен печат“ од Управата за јавни приходи.

    Поточно 6.758 работници сè уште немаат земено плата за февруари, во март без плата останале 7.018 лица, а априлската ја чекаат 9.074 работници.

    Фирмите се од сите сектори, а дел од нив се повторуваат. Рокот за поднесување на М-ПИН пријавите за плати е до 10-ти во месецот, за претходниот месец, а обврската за исплата на платите е до 15-ти во месецот. Тие што не ги исплатиле, добиваат опомени, а подоцна ќе им биде блокирана и сметката.

    Проблематично е што работниците чекаат и не ги искористуваат роковите, смета Кристина Ампева од „Гласен текстилец“. Таа додава дека тоа води кон фактот дека работниците на крајот остануваат без неколку плати, а фирмата оди во стечај, во ликвидација…

    Уште полоши се бројките за годинешниот март, па според УЈП до крајот на мај, МПИН-пресметката не ја платиле 2.225 газди за 4.747 вработени лица, додека 5.139 работодавачи за 7.018 вработени лица сè уште не поднеле МПИН-пресметка. Априлската плата, според УЈП, сè уште ја чекаат 9.074 работници, кои 5.529 работодавачи не ги исплатиле – пресметаа од УЈП.

    Според Законот за стечај, кога самиот должник ќе утврди дека не е способен да ги исплати своите пристигнати обврски подолго од 45 дена, може да поднесе предлог за отворање стечајна постапка. И работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата 3 месеци последователно, имаат право да поведат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот.

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.