18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Светскиот ден на мајчиниот јазик

    „Јазикот е нашата единствена татковина. Се додека го чуваме, го негуваме,го гледаме јазикот наш македонски – ќе можеме да сметаме дека имаме и татковина како куќа, како дом, како огниште“. – Блаже Коневски
    По повод Светскиот ден на мајчиниот јазик, денес, во изложбениот салон на Домот на култура „Тошо Арсов“ Виница, беа прогласувани победниците на прозни творби кои учествуваа на литературниот конкурс на тема „Мајчиниот јазик – мојот корен, моето јас“,распишан од страна на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ во соработка со Општина Виница.
    На конкурсот учествуваа сите основни општински училишта како и средното општинско училиште.
    Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на јазичната и културната разновидност и се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик на планетата земја. За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму затоа Општина Виница во соработка со ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ го организираше овој настан се со цел да дадеме поддршка на младите ученици да продолжат да го негуваат својот мајчин јазик искажувајќи ја при тоа и својата наклонетост кон јазичноста, културната разновидност преточена во прекрасни прозни дела.
    Директорката на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ Лилјана Капевска им ги врачи наградите на учениците кои настапија со литературните творби.
    Наградени литературни творби во категоријата од четврто до шестто одделение се:
    1.Прво место- Неда Стоилова
    ментор Сашка Стојкова ООУ ” Гоце Делчев”
    2.Второ место- Мила Јанчева
    ментор Кристина Харалампиева ООУ „Никола Парапунов“
    2.Второ место- Мариа Илиевска
    ментор Миланка Стојанова ООУ „Славчо Стојменски“
    3.Трето место- Кети Јовановиќ
    ментор Благородна Гаврилова ООУ„Славчо Стојменски“
    – Пофаленици за: Ана Ристова, Давид Спасов и Ема Лефкова
    Наградени литературни творби во категоријата седмо до деветто одделение се :
    1.Прво место- Јана Беќарска
    ментор Миланка Стојанова ООУ „Славчо Стојменски“
    2.Второ место- Марија Стојменова
    ментор Кристина Харалампиева ООУ „Никола Парапунов“
    3.Трето место- Теона Стојановска
    ментор Елена Митева ООУ „Гоце Делчев“
    3.Трето место Јана Митевска
    ментор Сања Смиланска ООУ „Славчо Стојменски“
    – Пофалници за: Медина Амедова , Николија Стојанова,Бојан Димитров
    Наградени литературни творби во категоријата од прва до четврта година средно училиште се:
    1.Прво место- Ивана Гошева
    ментор Олга Ристова СОУ ” Ванчо Прќе”
    2.Второ место- Ана Арсова,прва година
    ментор Олга Ристова СОУ ” Ванчо Прќе”
    3.Трето место –Хана Стаменкова
    ментор Орце Павлов СОУ ” Ванчо Прќе”
    – Пофалница за: Ана Пецова
    Честитки за наградените ученици и нивните ментори!
    Нека ни е честит СВЕТСКИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК!

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.