MВР го потврди големиот инцидент од детската лига во кој на терените на ФФМ во тренинг-центарот Петар Милошевски бил претепан судија.
Вчера наутро во десет часот две лица од редовите на Шкендија претепале судија кој делел правда на средбата.
„На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион “Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, објави МВР.