Првата прозивка на шефот на стручниот штаб Крсте Крстев на Градскиот стадион во Виница, ФК Слога 1934 Виница го означи стартот на зимските подготовки за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Во следните денови во ФК Слога 1934 Виница ќе бидат промовирани уште неколку нови засилувања кои ќе бидат на располагање на стручниот штаб.
Во првото пролетно коло нашата екипа ќе игра на домашен терен против екипата на Дојранско Езеро.