21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Социјален дијалог, кој втора година по ред, го организира Општина Виница

    Во салата за состаноци во општинската зграда беше одржана работна средба – Социјален дијалог, кој втора година по ред, го организира Општина Виница во соработка со Средното Општинско Училиште „Ванчо Прке“ Виница и учество на претставници од бизнис секторот од општината.
    Работната средба има за цел поврзување и соработка помеѓу компаниите во Општина Виница, Средното Општинско Училиште „Ванчо Прке“- Виница и Општина Виница за една од стратешките цели на локалната самоуправа на Општина Виница, кое е модерно и квалитетно образование а во насока на унапредување на средното стручно образовани преку креирање на квалификуван стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд, како и испитување на подготвеноста на компаниите за вклучување на ученици во дуалното образование и други можности за соработка.
    Дуалните паралелки во СОУ „Ванчо Прке“ – Виница се новина во училиштето која започна од 2020/2021 година, но веќе се забележува напредок во обликување и помагање во стручната надградба на младите, што претставува бенефит и за младите и за компаниите.
    Како клучни забелешки од одржаниот состанок произлегоа потребите за формирање на нови стручни профили во Средното стручно образование кои ќе бидат насочени кон формирање на кадри од угостителско-туристичката свера но и подигнување на капацитетите на машинската струка, како резултат на реално искажаните потреби на компаниите.
    Се истакна и потребата од почести и неформални средби помеѓу засегнатите страни (Компании, Општина, училиште, Министерство за образование и наука и Центар за стручно образование и обука) кои ќе бидат извор на потребите и барометар на напредокот во однос на идните чекори на младите луѓе во општината и пошироко.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.