17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ШТИП: Саксофонот на маестро Панче од Велес им го разубави денот на штипјани

    На штипскиот плоштад „Слобода“, преку целиот денешен сончев ден, маестро Панче од Велсес, со музиката од својот саксофон им го разубавуваше денот на штипјани.

    На метар два пред него, во отворената футрола која е дом на саксофонот, минувачите, во голем број, оставаа пари за чудесната  музичка претстава која им ја приреди велешанецот.

    -Штипјани се хумани луѓе, во нив има и добра душа и човештина, секој во футролата стави по некоја пара. Кој десет, кој 50, а кој сто денари. Но, мене парата не ми е најважна, јас само сакам да им го разубавувам животот, макар и за миг на граѓаните. Денес тоа се штипјани, утре ќе бидат велешани, па скопјани, битолчани…Каде како ќе одлучам, таму и одам. Мене свирењето на саксофон ми е пред се задоволство, а не сакам да кријам дека нешто и заработувам за живот, ни рече Панче.

    Тој  ни рече дека е школуван музичар, дека со музиката се бави од млади години, дека свирел во групи и тоа на 13 инструменти, а маќедонската музика ја презентирал и во странство каде гостувал со групи и културно-уметнички друштва.

    -Овде, во Штип си поминувам прекрасно, другата недела, еден убав ден, пак ќе издвојам за одново да им го разубавам денот на овие прекрасни луѓе, ни  рече Панче.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.