7.6 C
Vinica
петок, февруари 28, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

    Сенатот на САД гласаше за унапредување на номинацијата на Каш Пател за директор на Федералното истражно биро (ФБИ), објави Ројтерс.

    Сенатот гласаше 48-45 по партиска линија, во процедура што му претходи на неговото конечно гласање за потврда до крајот на оваа недела, пренесува Танјуг.

    Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири своите акции против илегалната имиграција и насилниот криминал, кои се клучни приоритети на Трамп во новиот мандат.

    Пател беше меѓу најгласните критичари на ФБИ на истрагата против Трамп за прашања кои се движат од руското мешање во изборите во САД во 2016 година, задржувањето на доверливи документи од страна на Трамп во неговиот имот на Флорида и неговите обиди да ги поништи изборите во 2020 година, кои ги загуби од демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.