Во организација на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (МАСЕХ) денес, 30-ти мај 2024 година, се одржува FIRESTARTER24: Меѓународна конференција за искуство на клиенти и вработени во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје. Конференцијата ја отвори претседателката на МАСЕХ Христина Велковска која во своето воведно обраќање истакна дека искуството на вработените е клучен предуслов за извонредно искуство на клиентите и токму поради тоа овие две области претставуваат основа за успешен и одржлив развој на секоја компанија. Според неа, вложувањето во ангажираноста и задоволството на вработените директно се рефлектира врз квалитетот на услугите и производите кои ги нудат на клиентите, што води до зголемена лојалност, продуктивност и иновации.
Оваа конференција ветува ден исполнет со иновации, инспирација и нови знаења за сите учесници. Ќе бидат истражени најновите трендови, најдобрите практики и стратегии за унапредување на искуството на клиентите и вработените. Со над 150 професионалци, учесниците ќе имаат можност да се вмрежуваат и да учат од врвните експерти и лидери од различни индустрии.
На конференцијата ќе учествуваат следниве предавачи и панелисти:
Кристина Долдинг, основач на The Colleague and Customer Experience Company, Велика Британија
Моника Лапања, директор на Центарот за бизнис извонредност на Економскиот факултет, Универзитетот во Љубљана, Словенија
Алеша Мижигој, извршен директор и сопственик на Medex, Словенија
Андреја Кодрин, извршен директор на Quintaum – Дијагностика за одржливо лидерство и издржливи организации, Словенија
Скот Ли Холовеј, менаџер за клиенти, APS банка, Малта
Барбара Бамингер, раководител на управување со искуство и трансформација, А1 Телеком Австрија
Дафина Кирби, сопственик и менаџер на Kirby Coaching, Велика Британија
Димитриос Николаидис, извршен директор на Embryolab IVF Клиника за плодност Солун, Грција
Драган Ѓорѓевиќ, претставник на Здружение за искуство на клиенти и вработени на Србија
Биљана Мишиќ, извршен директор на Иуте Македонија
Ардиан Бехлули, координатор за корпоративно управување на Малиќи Груп и генерален менаџер на Ентернет
д-р Лулзим Адили, менаџер на Ново Нордиск Косово, фасилитатор, коуч и консултант за лидерство
Кети Ангелковска, комерцијален директор на Кола
Соња Алексиќ, менаџер за човечки ресурси во Макстил
Александар Манев, извршен директор на Кроација осигурување
Дојранка Анастасовска Цветковска, директор за човечки ресурси во Реплек и
Арион Ризај, основач и извршен директор на HumanPower и KosovaJob
Вчера, на 29-ти мај, се одржа пред-настанот на конференцијата Firestarter24 – Quintaum Excellence Gala: Вечер на признание и прослава во Хотел Русија, Скај Бар. Оваа вечер беше посветена на признанија и прослава на најголемите достигнувања во полето на искуството на вработените. На овој настан беше одбележан успехот на пет македонски компании кои добија признание ОДЛИЧНО ИСКУСТВО НА ВРАБОТЕНИТЕ во рамки на програмата за сертификација на искуството на вработените Quintaum Employee Experience Certification Programme MACEX 2024. Признанијата ги добија следните компании:
Тинекс,Реплек,Кола,Зегин,РСМ Македонија.
МАСЕХ како организација посветена на унапредувањето на искуството на клиентите и вработените, очекува дека овие настани ќе придонесат за актуелизација на овие области во Македонија и пошироко.