21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Салма Хајек на плажа го прослави 57. роденден (ФОТО)

    „Многу сум среќна што сум жива и толку благодарна за сè со што сум била благословена! Моето љубезно семејство, моите драги пријатели, моето здравје, мојата работа, мојот тим, мојот однос со животните и природата и љубовта на сите мои верни фанови… Среќен да ми е 57-ми роденден“, напиша таа заедно со фотографиите во костим за капење кои им се допаднаа на 1,3 милиони луѓе.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

    Салма со години импресионира со својот изглед, а еднаш откри дека практикува јога за да ја одржи фигурата. „Некои луѓе се дисциплинирани, па вежбаат наутро. Никогаш не ја развив таа навика. Немам време за вежбање. Работам“, рече таа, откривајќи дека наместо тоа одвојува време во текот на денот за хата јога, која се состои од серија на пози кои помагаат да се релаксира телото преку медитација и техники на дишење.

    Во јануари 2020 година, на новинарско прашање за стареењето, тогаш 55-годишната ѕвезда коментираше дека чувствува мал притисок, но се надева дека нема да се разочара со годините. „Сигурно нема да правам пластични операции. Треба да стареете грациозно и достоинствено“, заклучила таа.

    Од 2019 година, таа е во брак со милијардерот Франсоа-Анри Пино, со кого ја има 15-годишната ќерка Валентина Палома Пино.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.