18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци

    Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ од Македонска Каменица набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување на езерото со околу 2.000 килограми крап.

    Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.

    Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.