7.3 C
Vinica
среда, декември 4, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Rimac Nevera собори 23 рекорди во еден ден

    Nevera беше возена во постројката за тестирање на автомобили во Папенбург (Automotive Testing Papenburg – ATP), каде што максимално ги искористи правците долги 4 километри. Претставници од Dewesoft и RaceLogic беа присутни на локацијата за независно да ги потврдат времињата и открија дека електричниот хиперавтомобил е всушност побрз отколку што се мислеше.

    На автомобилот беа пневматиците Michelin Cup 2 R, а од 0 до 60 милји на час со стандарден ролаут заврзуваше за 1,74 секунди, што е побрзо од „официјалните“ 1,85 секунди. Да речеме и дека хиперавтомобилот забрзувал од 0 до 100 км/ч за 1,82 секунди според RaceLogic или 1,81 секунди според Dewesoft. Ова го надмина времето кое го „пријавија“ од Rimac, а тоа е 1,97 секунди.

    Дополнително, треба да се истакне дека тестирањето се вршеше на обичен, неподготвен асфалт.

    Откако претходно тоа го навести првиот човек на компанијата Мате Римац, Nevera на тестот постави нов светски рекорд за најбрзо сериско возило кога станува збор за забрзување од 0 до 400 км/ч и застанување до 0 км/ч. Таа „работа“ електричното чудовиште ја заврши за 29,94 секунди, а за споредба, на Koenigsegg Regera му беа потребни 31,49 секунди за истата задача направена во 2019 година.

    Да речеме и дека Nevera носеше специјален „аутфит“ во чест на BMW M3 на Rimac, односно целосно електричната серија 3 генерација E30 од 1984 година, која постави неколку рекорди во 2012 година. Единаесет години подоцна, Мате може гордо да каже дека неговата Nevera достигнува 400 км/ч и застанува побрзо отколку што McLaren F1 забрзува до 350 км/ч и запира.

    Меѓу рекордите на Невера е и најкраткото растојание потребно за запирање при брзина од 100 км/ч, што е 29,12 метри според RaceLogic или 28,96 метри според Dewesoft.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.