18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    РФМ со суспензија за Владо Недановски и Дејан Манасков

    Ракометната федерација на Македонија изрече суспензија од еден натпревар за членовите на Вардар тренерот Владо Недановски и крилото Дејан Манасков.

    Вардар во последното коло од плеј-офот во Суперлигата беше поразен од РК Алкалоид со што го загуби второто место во домашниот шампионат, а по мечот РФМ отвори истрага против Недановски и Манасков.

    Недановски доби суспензија од четири, а Манасков од два натпревари. Двајцата се казнети поради вербални навреди.

    Не е потенцирано кој кого и што навредувал, туку само се наведуваат членовите 112 и 114 во кои се става до знаење дека суспензијата е доделена по повод навреда на службени лица или играчи за време и по крајот на натпреварот.

    Прашање е дали Манасков би ја одработил казната на почетокот на следната сезона, бидејќи мали се шансите да остане дел од Вардар.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.