21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Разбиена нарко-група во Германија и Белгија, уапсени 17 Албанци

    Во заедничка акција на германската и белгиската полиција во која учествувале околу 300 полицајци разбиена е нарко-банда која шверцувала хероин и кокаин, јавија албанските медиуми.

    Уапсени се 17 Албанци, од кои 15 во Белгија и двајца во Германија.

    – Истражителите откриле дека дрогата се шверцувала во контејнери во Белгија, пред да биде пренесена во Германија и потоа дистрибуирана низ Европа. Во акцијата се запленети 700 илјади евра, 15 килограми хероин, три килограми синтетичка дрога и три килограми кокаин, 13 возила и три парчиња огнено оружје – наведуваат медиумите.

    Европол ја поддржал оваа истрага со обезбедување експертиза и обемна аналитичка поддршка и со олеснување на размената на информации преку своите сигурни канали.

    – Низа оперативни состаноци организираше Европол низ Европа со цел да се пополнат истражните празнини на меѓународно ниво и да се координираат истовремени дејствија насочени кон разбивање на целата структура на оваа криминална група – додава „abcnews.al“.

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.