Во рамки на втората фаза од РОМАКТЕД – програмата на Советот на Европа и Европската Унија – „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“, претставници од Советот на Европа, Институтот за аналази „ Ромалитико“, вчера оддржа состанок со координаторот и туторите и ги посетија училиштата каде се одржува наставата на учениците кои беа избрани според програмата.
На средбата се разговараше за процесот на тековните проекти кои се финансирани од програмата, а потоа претставниците го посетија местото каде што се планира реконструкција на игралиштето во ромско маало.