Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран доцна попладнето во Босна и Херцеговина, со епицентар во близина на Тузла, јавија локалните медиуми.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри североисточно од Тузла.
Потресот се случил околу 17 часот и 30 минути, а според жителите на областа околу Тузла, земјотресот во два наврати траел по десетина секунди.