20.3 C
Vinica
понеделник, јули 21, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Полициска акциска контрола во винички угостителски објекти – повторно малолетници!

    Во ноќта помеѓу 19 и 20 јули 2025 година, во периодот од 22:00 до 02:30 часот, полициски службеници од неколку одделенија во рамки на СВР Штип спроведоа координирана акциска контрола во три угостителски објекти во Виница, најчесто посетувани од млади лица.

    Во контролите беа вклучени и претставници од неколку државни институции: Пазарниот инспекторат, Управата за јавни приходи, Трудовиот инспекторат и Државниот завод за статистика. При проверките, едно лице беше лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик, а УЈП утврди прекршок по член 5 став 10 од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

    Во еден од локалите беа затекнати четири малолетни лица за кои постои сомнение дека биле послужени со алкохол. Тие беа веднаш повикани во полициска станица во присуство на родители, каде беше извршен разговор по основ на можен прекршок од член 204 од КЗ.

    Дополнително, Пазарниот инспекторат од Штип констатирал дека еден од објектите немал одобрение за користење јавна површина, додека Трудовиот инспекторат утврдил дека имало вработени без прикажан доказ за работен однос – меѓу нив и едно малолетно лице.

    За сите овие неправилности е известено дежурното Јавно обвинителство при ОЈО Кочани и најавени се дополнителни постапки по добивање на резултатите од вештачењата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica