Поединци од Арачиново повторно сами се приклучуваат во мрежата и ги оставаат останатите жители без струјa
Според информации до кои дојдовме од жителите на селото, дел од мештаните во Арачиново повторно ги напаѓаат и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат. Тие самоволно се приклучуваат во мрежата и предизвикуваат дефекти кои ги оставаат без напојување и останатите жители од селото кои сакаат да се работи за да се остави проблемот со струјата во минатото. Ваков дефект се случил токму денес.
– Неофицијално лицата Ф.А., А.М., А.Ќ. и други не дозволуваат да им се постават броила и им се закануваат на вработените на ЕВН, се со цел за да може да продолжат со стариот начин на функционирање и кражби. Mинатата година во Арачиново се одржи средба со претставници на Владата кои заедно со претставници од Општината се договорија со мештаните да се сврти нов лист и да се подобри имиџот на селото. Сепак, изгледа целиот овој труд на владата некои жители го множат со нула