Општина Виница започна со подготовки за изработка на нов Интегриран локален развоен план.
Одржана е првата стратешка работилница за изработка на ИЛРП на Општина Виница Македонија за 2024- 2027 година. Во рамките на работилницата се направи анализи на состојбите од областите од ингеренција на општината,со претставници од SEG HOLDING, претставниците на општината, јавните претпријатија, јавните установи, компании и граѓански организации.
ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината.
Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.