18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Петровска: Апсење во АРМ – за криминалот нема место во Армијата!

    Петровска утрово на својот фејзбук профил објави дека вчера во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи , во координација со Јавното обвинителство приведоа припадничка на Армијата на Република Северна Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.

    Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници.

    “Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!
    Ги охрабрувам сите да ги пријавуваат ваквите случаи – криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор” – напиша Петровска на својот профил.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.