Авион утрово околу четири часот принудно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, откако почина 59-годишен државјанин на Турција.
Како што информираат од итната помош, на турскиот државјанин му се слошило за време на летот, па авионот принудно слетал на белградскиот аеродром, но кога пристигнала итната екипа можеле само да констатираат смрт.