18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Оваа жена го има најсовршеното тело на планетата

    Убавината е субјективно искуство, па затоа често се вели дека „убавината е во очите на набљудувачот“. Но, како што пишува „Брајтсајд“, англискиот фотомодел Кели Брук е доказ дека убавината доаѓа во сите облици и големини.

    Од безвременската привлечност на Мерилин Монро, до слабите силуети популаризирани од моделите како Кејт Мос – стандардите за убавина постојано се менуваат и редефинираат.

    Фото: Инстаграм/Кели Брук

    Сепак, неодамнешните студии ја оспорија традиционалната фигура на песочен часовник како најсовршена. Наместо тоа, Универзитетот во Тексас откри дека жените кои се малку покрупни важат за совршени. Тие откриле дека совршеното тело има БМИ (индекс на телесна маса) од 18,85 и пропорции на телото – 93-61-87. Друга студија покажа дека и соодносот меѓу колковите и половината е важен, а идеалниот е 0,65 – 0,75.

    Кели Брук, со својот БМИ од 18,5 и мерките на телото, речиси се вклопува во овие идеални пропорции на женското тело, а нејзиниот сооднос на колковите и половината, исто така, спаѓа во идеалниот опсег. Тоа значи дека нејзиното тело, кое денешното општество може да го нарече малку подебело, е со идеална големина и форма.

    Фото: Инстаграм/Кели Брук
    Фото: Инстаграм/Кели Брук
    Фото: Инстаграм/Кели Брук

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.