21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ова е најопасното овошје од пазарот: Дури и мали количини може да бидат ризични за здравјето

    Последните податоци кои од европските влади ги доби организацијата ПАН Европа (PAN Europe – Pesticide Action Network) покажуваат дека овошјето ги содржи најопасните пестициди. Го има речиси на секој пазар, а резултатите покажуваат дека и минималното консумирање на ова овошје е штетно по здравјето.

    Врз основа на официјалните податоци, извештајот покажа дека голем дел од европските круши (49 отсто), грозјето (44 отсто), јаболката (34 отсто), сливите (29 отсто) и малините (25 отсто) биле третирани со многу опасни пестициди, а потоа и ставени на пазарот, иако е познато дека тие влијаат на развојот на бројни здравствени проблеми, пишува српски Б92.

     

     

    Фото: Пекселс/ jane-doan

    Организацијата предупредува дека многу мали дози се штетни по здравјето и наведува дека португалските, белгиските и холандските круши биле меѓу најзагадените. Ист е случајот и со јаболката – најзагадени се холандските, а потоа грчките и португалските јаболка.

    „Темелното миење треба да ги отстрани остатоците од пестициди на површината на производот (фунгициди кои се користат за спречување на гниење при складирање и транспорт). Сепак, многу современи пестициди се нарекуваат „системски“, што значи дека се апсорбираат во растението и се дистрибуираат низ неговите ткива. Поради ова, остатоците од пестициди често се наоѓаат во внатрешноста на самиот производ, па миењето на површината нема да ги отстрани“, изјави своевремено Ник Мол од британскиот огранок на организацијата ПАН.

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.