Во Општина Виница ќе се работи на поставување на фотоволтаични панели на Административната зграда.
Денес , заедно со Центарот за развој на Источен плански регион, застапуван од Директорот Зујица Ангелова и Изведувачот „ТМ “ДОО Штип, застапуван од одговорното лице Коле Тасев, денес потпишавме Договор за „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти“ во рамки на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источно плански регион“.
Средства за реализирање на оваа инвестиција, се обезбедени дел од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој а дел со ко-фонансирање од Буџетот на општина Виница.