18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ООУ „Славчо Стојменски“ ОД ВИНИЦА, ГО ПРОСЛАВИ ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

    Основното училиште ,,Славчо Стојменски” Виница го прослави својот патронат. Одбележувањето на патрониот празник започна со свечена академија која се оддржа вчера во спортската сала на училиштето. Учениците од ова училиште се претставија на прекрасен и уникатен начин. Во симбиоза од хумуристични изведби, традиционални ора, модерни танцови и песни, музички оркестарски претставувањеа, публиката уживаше и не ги штедеше аплаузите.
    Свое обраќање кон присутните имаше и директорот на училиштето Горан Иванов, кој покрај друго го изрази своето задоволство што оваа академија за прв пат се одвива во спортската сала.
    Чествувањето продолжи со положување на свежо цвеќе денес пред спомен бистата на патронот, од страна на училишна делегација ,ученици, делегација од Локалната самоуправа. Потоа продолжи со многубројни спортски натпревари.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.