21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Обраќање на претседателот Пендаровски на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор

    Како претседател на држава којашто се наоѓа во турбулентен регион, во изминативе, безмалку пет години настојував да водам балансирана, транспарентна и предвидлива надворешна политика, во интерес на мирот и безбедноста, добрососедството, стабилноста, просперитетот и заедничките вредности коишто ги споделуваме со демократските земји.

    Европската интеграција на Северна Македонија и на Западниот Балкан, постојано беа во центарот на моите заложби и на заложбите на мојот тим најблиски соработници. Во тоа верувам уште од почетоците на мојот јавен ангажман и ќе продолжам да се залагам за таа идеја до нејзината целосна реализација.

    Зборувајќи за европската интеграција во мојот мандат, работата не ја дозавршивме, бидејќи по направените компромиси коишто не беа на штета на македонските национални интереси, ги почнавме преговорите по долги 17 години чекање со статусот на кандидат, но внатре во државата и покрај јасно исцртаниот пат и отворената врата, не успеавме да ги усвоиме уставните амандмани, со што, по успешно завршениот скрининг, ќе можевме да го продолжиме процесот со втората меѓувладина конференција.

    Сепак, по долги години со замрзнат статус, направивме крупен чекор напред и дојдовме во фаза во којашто прогресот во интеграциите сега зависи само од нас, а не од некој надворешен фактор. Во оваа смисла, целокупниот процес на интеграции покажа дека во тој потфат не сме сами, затоа што изградивме цврсти партнерски односи со безмалку сите земји членки на Унијата, коишто ќе бидат повеќе од потребни во периодот којшто ќе следи и коишто ќе бидат гаранција дека интеграциите ќе се одвиваат во европски манир, без поставување препреки и измислување критериуми коишто немаат ништо заедничко, ниту со преговорите, ниту пак со европските вредности.

    Истовремено, сиот овој период на неизвесност, исполнет често со непринципиелни барања и напади врз нашите идентитетски атрибути, доведе до значителен пад на поддршката за европската интеграција, пред сè, меѓу Македонците, што треба да нè загрижува не само нас, туку и државите коишто веруваат во проширувањето на Унијата и го сметаат за клучен влог во безбедноста и просперитетот на континентот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.