18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Ноуза и Полсен победници на меѓународниот тениски турнир во Скопје

    Тенисерите од Чешка Петр Ноуза и Ендрју Полсен се победници на годинашниов Челинџер 75 Macedonian Open 2023 откако во финалето ги совладаа првите носители Шриран Балаџи и Џиван Недунчезиан од Индија со 2-0 во сетови (7:6 (5) и 6:3) за 92 минути игра.

    Првиот сет беше максимално израмнет и ниту една од двојките не успеа да направи „брејк“, а тенисерите го користеа својот сервис за да го добијат гемот, така беше сè до 4:3. Во осмиот гем беа и првите „брејк“ топките за тенисерите од Индија, но не ги искористија.

    Во следниот гем повторно имаше две „брејк“ топки неискористени, но за чешките тенисери, а така беше и во 11 гем.

    По 6:6 во гемови следеше тај „брејкот“, каде на сцена беа поените на противничкиот сервис (мини „брејк“). „Тај брејкот“ заврши со 7:5 на поени за Ноуза и Полсон, кои негатива од 2:4 стигнаа до 5:4, што беше клучно за освојување на првиот сет.

    Во вториот сет водството воглано беше на страна на Чесите, кои во осмиот гем ја искористија и првата „брејк“ топка и поведоа со 5:3, а веднаш потоа на свој сервис го добија гемот за 6:3 искористувајќи ја првата меч топка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.