17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Никогаш не изгледала „пожешко“: Мајли Сајрус на насловната на „Вог“

    За потребите на овој моден едиторијал, 30-годишната музичка ѕвезда позираше пред објективот на легендарниот моден фотограф Стивен Мајзел, а беше стилизирана од главниот уредник на списанието, Едвард Енинфул. Сите модни комбинации кои Сајрус ги носи за време на фотосесијата се во склад со нејзината неодамнешна естетика.

     

     

    Фото: Инстаграм/„Вог“

    На насловната страница, таа носи црно боди, кое ја истакнува нејзината атлетска фигура, мрежаста јакна и штикли од модниот бренд „Алаја“.

    Фото: Инстаграм/„Вог“

    Во разговорот за „Вог“, Сајрус се „отвори“ за разводот со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лиам Хемсворт. Тие се разделија во 2020 година.

    „Не би ја избришала мојата приказна, ниту би сакала мојата приказна да биде избришана. Интересен живот создава интересни приказни“, изјави пејачката за крајот на нејзината десетгодишна врска, иако нивниот развод беше тежок и пред очите на јавноста.

    Фото: Инстаграм/„Вог“

    Како потсетување, поранешната двојка се запозна во 2009 година, за време на снимањето на филмот „The Last Song“. Низ годините, тие неколку пати раскинуваа и се смируваа, додека не се венчаа во декемвери 2018 година.

    Иако крајот на нивната врска се случи во август 2019 година, а официјалниот развод во февруари 2020 година, многу обожаватели на Сајрус веруваат дека нејзините песни „Flowers“ и „Muddy Feet“ се посветени на нејзиниот поранешен сопруг.

    Мајли Сајрус за „Вог“
    Фото: Инстаграм/„Вог“

    „Изградивме дом и гледавме како гори“, гласи преведениот текст на песната „Flowers“, а токму тоа им се случи на нив двајца. Имено, Сајрус и Хемсворт ја загубија куќата во Малибу, Калифорнија, поради големите разорни пожари кои ја зафатија областа во 2018 година.

    По разводот, на крајот на 2021 година, пејачката почнаа да ја поврзуваат со тапанарот на групата „The Regrettes“, Макс Морандо (24). Гласините станаа уште „погласни“ кога парот почна да се појавува заедно на јавни настани. Сајрус и нејзиното момче сè уште се заедно, но приватноста ја чуваат за себе.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.