21.2 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Незаслужени оценки кај учениците, родителите бараат врски, покажуваат анкетите

    Децата во досегашните анкети искажаа дека околу 60-70% дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината е поради тоа што родителите барале врски. Мислам дека апелот треба да биде до сите. Децата се една категорија, но тука се и родителите од дома и наставниците од тука, изјави денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во однос на кампањата „Бидете херои на чесноста“.

    Тоа е слоганот на инспиративна антикорупциска кампања, која ги охрабрува учениците да станат херои на чесноста и промовирајќи интегритет, транспарентност и одговорност во општеството.

    -Родителите треба да воспитаат, а наставниците да образуваат и не треба да има мешање. Кога детето е веќе дадено во училиште, треба да се има доверба во просветните работници. Треба сами да се борат со свое знаење и умешност, а не да бараат помош од родителите за оценки. Не е битно сите да бидат со петки, но да биде нивна и заслужена, рече Ивановска во изјава за медиумите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.