18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра за финале во Куршумлиска Бања

    Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува успешно на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, каде успеа да се пласира во полуфиналната фаза во сингл натпреварувањето.

    Ѓорческа во четвртфиналето успеа да ја елиминира осмата носителка на турнирот Риналдо Персон од Шведска со 2:0 во сетови.

    Првиот сет нашата тенисерка го освои убедливо со 6:2, а вториот кој беше нешто понеизвесен со 6:4.

    Македонката, која е трета носителка во Куршумлиска Бања, за пласман во големото финале ќе игра против Кристина Дину од Романија.

    Дину направи изнедадување елиминирајќи ја првата носителка Ипек Оз (238. ВТА) од Турција од 6:4 и 6:2.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.