На 22.12.2023 во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода З.С.(36) од с.Јакимово, Виничко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 разновидни пиротехнички средства, стои во билгтенот на МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.