Студентите од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет во Битола реализираа посета на Центарот за поддршка во учењето на учениците со попреченост во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, под менторство на проф. д-р Горица Поповска – Налевска и вработените од институцијата.
Со посетата студентите имаа можност да се запознаат со постигнувањата на полето на инклузивното образование како и начинот на практичната работа на кабинетите за рахабилитација за учениците со попреченост.