21 C
Vinica
вторник, јули 1, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    MONEYVAL: Македонија со напредок во спречувањето перење пари, но потребни се дополнителни реформи

    Македонија направила напредок во јакнењето на правната и институционалната рамка за спречување на перење пари и финансирање тероризам, но се потребни дополнителни напори за надминување на преостанатите слабости. Ова се наведува во новиот извештај на телото на Советот на Европа за борба против перење пари – MONEYVAL, објавен на 25 јуни 2025 година во Стразбур.

    Во извештајот се потенцира дека е постигнато подобрување кај три од препораките на Меѓународната група за финансиска акција (ФАТФ), и тоа во делот на трансакции со жичен трансфер, внатрешна контрола и надзор на странски филијали, како и транспарентност околу вистинските сопственици на трастови и слични правни форми.

    Од последната евалуација во мај 2023 година, Северна Македонија го подобрила нивото на усогласеност со стандардите на ФАТФ. Претходно оценети како „делумно усогласени“, трите препораки сега се оценети како „во голема мера усогласени“. Сепак, напредокот во делот на регулацијата и надзорот врз финансискиот сектор (Препорака 26) не бил доволен за подобрување на оценката, која останува „делумно усогласена“.

    Од вкупно 40 препораки на ФАТФ, Македонија сега има:

    • 31 препорака оценета како усогласена или во голема мера усогласена;
    • 9 препораки остануваат делумно усогласени.

    Државата ќе треба да поднесе нов извештај до MONEYVAL за една година, во кој ќе се прикаже понатамошниот напредок во зајакнување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica