17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    МНР ќе ги покрие тршоците за патни листови за нашите граѓани

    Министерството за надворешни работи, во изминатиов период, целосно ја реорганизира својата дипломатско-конзуларна мрежа во светот, со цел да им излезе во пресрет на нашите државјани кои се наоѓаат надвор од земјата.

    Воедно, информираме дека до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија.

    Во врска со Патните листови, со кои нашите државјани може непречено да се вратат во земјата, потврдуваме дека дипломатско- конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање.

    Воедно информираме дека на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешна седница донесе одлука со која нашите дипломатско-конзуларни претставништва ќе започнат со издавање на патни листови без наплата на конзуларна такса. Исто така, се олеснува и доставата на патниот лист и истата ќе може да биде извршена преку брза пошта.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.