Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе учествува на Министерската конференција на Франкофонијата, која на 4 и 5 ноември 2023 се одржува во Јаунде, Камерун.
Османи, за време на предметната конференција, ќе се обрати на седницата зад затворени врати за полноправните земји-членки и влади на Меѓународната организација на франкофонијата, на тема „Меѓународната организација на франкофонијата наспроти повторливите падови на демократијата во Франкофонските подрачје“, како и на дебатата на тема: Доброто владеење: Гаранција за политичка, економска и културна стабилност за Франкофоните”.Воедно, предвидено е Министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се Министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други.
Министерската конференција на Франкофонијата, е едно од трите тела содржани во повелбата на Франкофонијата и обезбедува политички континуитет на Самитот на франкофонијата. Република Северна Македонија е полноправна членка на Организацијата од 2006 година.