17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Македонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција

    Изложба насловена „Уметноста го обединува светот“ на група интернационални уметници меѓу кои и од Македонија е отворена викендов во палатата Албрици-Капело во Венеција, како паралелен настан на Биеналето на архитектура Венеција 2023.

    На изложбата учествуваат Клара Афонсо од Португалија, Патриција Казагранда од Германија, Арлета Чехиќ од Босна и Херцеговина, Јулија Дјаченко, Владимир Мартинов, Дима Сухов и УЛАН од Русија, Хелга Елбен од Германија, Кенрио Хара од Јапонија, Марко Кусмук од Србија, Ана Монтанаро од Италија, Марија Павловска од Македонија/САД, а гостин на изложбата е Мице Јункуловски, Македонија.

    Организатори на изложбата се Германско-италијанското друштво – ACIT (Associazione Culturale Italo-Tedesca) во Венеција по идеја на Маријана Гнездилова, Русија, во соработка со OKXSA Projects (Оксана Жудина Бого, претседател и основач), ОСТЕН АРТ Скопје (Корнелија Конеска, директор) и СНЕГ Галерија Москва (Александар Филипов, директор)

    Изложбата е под покровителство на Генералниот конзулат на Сојузна Република Германија во Милано, во соработка со АГИМУС Венеција и со поддршка на Гете Институт Италија.

    За изложбата Корнелија Конеска, кураторка и директорка на ОСТЕН АРТ Скопје, меѓу другото ќе рече дека уметноста има моќ да ги надмине јазичните и културните бариери, а меѓународните уметнички изложби остануваат да бидат светилник на уметноста што придонесува за зближување на луѓето во заедничка визија за подобар свет, обезбедувајќи надеж и инспирација за иднината.

    Сликите изложени во прекрасната Палацо Албрици-Капело сместена во срцето на меѓународната уметност – Венеција, прикажуваат дела кои претставуваат широк спектар на стилови и традиции, од апстракција до фигурација, од традиционална уметност до поп-арт. И покрај нивната различност, сите овие дела имаат заедничка нишка: тие комуницираат со универзален јазик кој зборува за човечката состојба, без разлика од каде доаѓаме или во што веруваме. Секоја слика на оваа изложба покажува како уметноста може да биде катализатор за поврзување, комуникација и разбирање, вели Конеска.

    Преку универзалниот јазик на боја, форма и емоции, овие дела, вели таа, нè повикуваат да го видиме светот низ нови очи и да ја цениме убавината и сложеноста на светот што го споделуваме.

    Во свет кој често се чувствува поделен на толку многу нивоа, изложбата „Уметноста го обединува светот“ нè потсетува на моќта на уметноста, и покрај се, да нè зближи и да создаде чувство на заедништво. Се надеваме дека посетителите ќе ја напуштат оваа изложба инспирирани, издигнати и поврзани со глобалната заедница на љубители на уметноста кои ја споделуваат нашата страст за креативност и убавина. Зашто, најпосле, преку обединувањето, уметноста ќе го спаси светот, порачува Конеска.

    Изложбата е отворена на 20 мај, а посетителите ќе можат да ја погледнат до 24 јуни.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.