14 C
Vinica
сабота, април 12, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Кривични пријави за двајца директори на училишта од Русиново и Владимирово

    СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривични пријави против двајца директори на училишта во Русиново и Владимирово, поради тоа што ја злоупотребиле службената положба и овластување, соопшти денеска МВР.

    „Против Д.П.(64) од с. Владимирово, беровско, е поднесена пријава поради тоа што како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024, потпишала договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетила буџетот на училиштето за околу 560.000 денари“, информира МВР.

    Освен тоа, поднесена е и кривична пријава против С.К.(52) од Русиново, беровско, поради тоа што пријавениот, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 потпишал договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетил буџетот на училиштето околу 611.000 денари.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica