Златан Ибрахимовиќ одлучи да ги закачи копачките на ѕид и да ја заврши кариерата, денеска веќе стигнуваат првите шпекулации околу неговиот ангажман во фудбалот во иднина. Во Шведска веќе се шпекулира дали Златан Ибрахимовиќ би можел да се одлучи да продолжи со работа во екипата на Хамарби, каде веќе е косопственик на клубот или ќе биде поканет да и се приклучи на репрезентацијата.
„Дефинитивно ќе бидеме во контакт. Сепак, немавме поим дека сака да ја заврши кариерата, па затоа и се уште ништо не сме планирале. На крајот, сепак, се зависи од него. Немам поим што сака во моментов“, вели претседателот на Хамарби.
Покрај можната работа во Хамарби, се шпекулира дека Златан би можел да добие улога во шведската репрезентација. За тоа отворен е и селекторот на репрезентацијата Стефан Петерсон.