Рускиот премиер Михаил Мишустин ја остави Кина без „пленот“ што Москва одамна го посакува – јасната посветеност на Пекинг за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“.
Тој проект би претставувал трансформација на енергетските текови низ азискиот континент.
Проектот беше замислен пред повеќе од една деценија за да и помогне на Русија „да се сврти кон Исток“ – гасоводот низ Монголија до Кина ќе биде начин да се диверзифицира трговијата со гас, да се зголемат приходите и да се зголеми дипломатската моќ на Кремљ.
Проектот, првично наречен „Алтај“ по планинскиот регион на јужен Сибир, стана уште поважен, а неговата имплементација уште поитна по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, бидејќи Москва сега бара нови пазари за гасот што течеше во Европа пред Кремљ да воведе невидени западни санкции.
Проблемот за Москва е што Пекинг – кој стана нејзин клучен економски партнер – се чини дека нема потреба да брза со својот влез во проектот.