17.4 C
Vinica
среда, октомври 9, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Јокиќ ги остави „Nike“ и од сега ќе носи – кинески патики

    Никола Јокиќ и оваа сезона игра фантастично. Центарот на Нагетс играше на 30 натпревари и во просек има 26,4 поени, 12,3 скока и 9,2 асистенции.

    Вечерва во 20:30 часот во „Бол Арената“ во Денвер ќе игра против Голден Стејт.

    Тоа ќе биде четвртиот натпревар на кој Јокиќ ќе игра во новите патики. Србинот потпишал договор за соработка со кинескиот бренд „361 Degrees“ во кои прв пат играл против Торонто.

    Кошаркарот од Сомбор завршил со „Nike“ и изненадил многумина, со оглед на тоа дека во моментов е заштитно лице на компанија која во „НБА“ претставува само четири кошаркари. Меѓу нив е и Арон Гордон, соиграч на Јокиќ во Нагетс.

    „Гордон многу влијаеше, но и тие беа навистина директни и искрени со мене. Разговарав со Арон во врска со сè, тој ми кажа дека се добри, брзи и дека го слушаат играчот. Навистина сум задоволен со досегашниот однос“, рекол српскиот кошаркар.

    Тој додал дека не знае детали од договорот, што звучи прилично необично.

    „Дури и не знам на колку години е договорот, но тие навистина се обидуваат да направат што покомфорни патики. Ме прашуваат после секој тренинг и после секој натпревар“, додал тој.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.