Од вкупно 7.000 километри автопатишта во Италија, 2.000 километри имаат три или повеќе ленти, а 1.550 километри се под постојана контрола на максималната брзина.
Брзината на автопатите А4 (Милан-Бреса), А26 (Џенова Волтри-Гравелона Точе), А14 (Болоња-Бари) и А30 (Катерта-Салерно) може трајно да се зголеми на 150 км/ч, најави италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини.
Министерот Салвини најави дека зголемувањето ќе се случи само на рути кои се сметаат за особено безбедни.
Министерот објасни дека повеќето смртни случаи не се на автопати, туку на јавни патишта.
Во Италија ограничувањето на брзината е 90 км/ч надвор од населени места, 110 км/ч на јавни патишта и 130 км/ч на автопати, пишува специјализираните портали.
Италија има поинаков пристап од многу европски земји, кои размислуваат за намалување на брзината поради климатската криза.
Засега не е одреден прецизен датум кога би можело да се смени ограничувањето на брзината