17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ,,Интимното здравје не треба да биде табу тема”

    Зошто молчиме, како да се охрабриме и како да си го подобриме сите интимното здравје. Врвни стручњаци, гинеколози, психолози, новинари, медиумски личности отворено дебатираа на оваа тема на првиот Форумот за женско здравје, во организација на Дерма Бела. Плодни дискусии, импресивни разговори, одлични совети.

    ,,Гинеколозите ја имаат клучната улога во медицината.Тие треба отворено да зборуваат со пациентите за интимното здравје” порачаа докторите од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

    Ги повикаа жените од сите возрасти, особено оние кои се во најзрелите години и кои заслужуваат квалитетен живот да се грижат за себе и да не се срамат да зборуваат  за табуата за интимното здравје.

    ,,Жените живеат премногу во тишина, не споделувајќи ги проблемите со својот гинеколог.Статистиките покажуваат дека само 20% од гинеколозите се интересираат за интимното здравје на своите пациентки”рекоа универзитетските професорки.

    Големо влијание  имаат и креаторите на јавното мислење.Медиумте треба да информираат и да овозможат соодветен  простор за овие теми кои не засегаат сите.

    ,,Секоја жена заслужува да се чуствува среќна.Интимното здравје  има влијание и врз самодовербата, а женското здравје е предуслов за среќни приказни.Да ја подигнеме свеста и да останеме здрави и убави”порака од медиумските личности кои беа дел од овој Форум.

    Естетската и регенеративната гинекологија е ново поле кое брзо се здобива со популарност во развиените и земјите во развој.Кај нас очигледно треба да се разбијат стереотипите.Важно е да се промени пристапот кон пациентките на редовните прегледи и отворено да се зборува на темата интимно здравје.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.