Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставниците од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ и претставниците од Ромскиот Ресурсен Центар, при посетата на детската градинка “Астибо” во Штип, го поздравија имплементирањето на Проектот за проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно образование.
Главна цел на проектот е што поголема инклузија на деца Роми во предучилишното образование и истиот ќе се реализира во Дебар, Тетово и Штип.
Во рамките на проектот, предвидени се и работилници со родителите на вклучените деца и персоналот од детските градинки.
Проектот е финансиран од Ромскиот образовен фонд и Европската Унија.